Црна хроника
Рецепционерка украла над 3,5 милиони денари од хотелот кајшто работела
Рецепционерка во хотелот „Квинс“ во Скопје украла над 3,5 милиони денари, соопшти МВР.
Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против триесет и седумгодишната Д.С.
Рецепционерката имала овлстувања – доносител на готовински налози, уплата/исплата на готовина во НЛБ Тутунска банка.
Минатата и оваа година од парите кои ги одбивала од другите рецепционери во износ од 8.620.790 денари за извршени хотелски услуги, уплатила 4.850.764 денари а остатокот од 3.769.936 денари си ги зела.
Таа како единствен овластен вработен секојдневно изработувала дневен извештај во кој ги прикажувала наплатените парични средства и тоа: по фактури, по кредитни картички и готовина, а истите извештаи заедно со готовинските средства ги примала наредниот ден од рецепционерите кои исто така вршеле наплата на услугите.
Рецепционерката изготвувала групен извештај во книгата за дневен финансиски извештај по денови, а на крајот на месецот и месечен извештај. Потоа наместо целосно да ги уплати во НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, уплатувала помали износи и го оштетила хотелот за над 3,5 милиони денари./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.