Црна хроника
Кривична пријава за битолски бизнисмен
СВР Битола поднесе кривична пријава против 52-годишниот основач и управител на битолската компанија „Шеровски Комерц“ увоз-извоз ДООЕЛ и против правното лице за сторени кривични дела „оштетување или повластување на доверители“, „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.
Во мај 2010 година, пријавениот иако знаел дека неговата фирма „Шеровски Комерц“ подолг период работи со загуба и дека има долг кон 14 добавувачи, непосредно пред отворање на стечајна постапка на фирмата, ја фаворизирал фирмата „Идеал“ Битола и склучил договор за продажба на 35 машини по цена од 1.559.470 денари, од кои дел биле продадени по повисока цена од реалната, бидејќи претходно во неколку наврати од „Идеал“ Битола подигал заеми во име на фирмата.
Исто така, од страна на Управата за јавни приходи била извршена контрола во книговодствената евиденција на „Шеровски Комерц“ и е утврдено дека во периодот од јануари 2007 година до декември 2010 година, било прикажуван помал износ на промет, за што не пресметал ДДВ и персонален данок на доход во вкупен износ од 5.336.405 денари./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

