Црна хроника
Вежба на МВР: Киднапиран авион на аеродромот на „Александар Велики“
Двајца терористи утрово киднапираа авион на аеродромот „Александар Велики“ и во заложништво држеле вип личности.
По вакво сценарио утрово од 9.36 часот до 11.11 часот на аеродромот во Скопје се изведуваше акцијата насловена како “Април 2012“ во којашто беа вклучени стотина овластени службени лица од Бирото за јавна безбедност, УБК, припадници на Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување, како и припадници на СВР Скопје задолжени за обезбедување на сообраќајници и на градот.
„Се дејствуваше, согласно замисленото сценарио на вежбата во кое двајца вооружени грабнувачи движејќи се со аеродромско возило успеваат да влезат во авион во намера заедно со воздухопловот да киднапираат ВИП лице, како и други две лица патници во авионот. Акцијата беше завршена со ослободување на грабнатите и приведување на киднаперите. Инаку таа е генерална проба за главната вежба која наскоро треба да биде изведена“ соопштуваат од МВР./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

