Црна хроника
Му ветиле дека ќе го направат полицаец и го олесниле за 54.000 денари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата 51-годишна мајка и нејзиниот 30-годишен син поради сомнение за измама.
Двајцата пријавени се осомничени дека периодот од мај 2011 година до почетокот на овој месец довеле во заблуда 26-годишен велешанец, со моментално место на живеење во село Долно Лисиче, кому лажно му ветувале дека ќе му помогнат при вработување во МВР на при упис на курс за полициски службеник во Центарот за обука во Идризово, а за таа цел во неколку наврати му побарале и земале вкупно 54.000 денари.
Првопријавениот му кажал на оштетениот дека како поранешен, наводно, вработен во МВР на можел да му помогне околу упис на курс за полициски службеник во центарот.
За таа цел од лицето побарал вкупно 54.000 денари потребни за поднесување на документација во врска со курсот, за уплати за посетување на курсот, за набавка за средства и материјали потребни за курсот, за набавка на униформа за курсот и за наплата за посетувањето на курсот.
Второпријавената пак на 3-ти април годинава му се јавила на оштетениот претставувајќи му се како вработена во центарот за обука и побарала да уплати парични средства во износ од 13.870 денари на трансакциска сметка во Тутунска Банка за рата за отпочнување на курсот.
Подоцна истата повторно стапила во контакт со оштетениот и му кажала дека парите лично ги уплатила на сметката и дека истата сума треба да и ја предаде на рака на бензиската пумпа Макпетрол во населба Драчево.
По преземени оперативни дејствија извршено е обезбедување на местото и при предавањето на парите е приведен првопријавениот, кај кого и се најдени наведените парични средства. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.