Црна хроника
Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка во струмичко
Едно лице загина, а тројца се во коматозна состојба, откако автомобилот со кој се превезувале утрово околу 04:20 часот излетал на влезот на струмичкото село Дабиле, информираат од МВР.
Според информациите на полицијата, автомобилот „Опел Вектра“, најверојатно поради неприлагодена брзина излетал од патот, се превртел неколку пати и удрил во бандера. Во несреќата загинал 28-годишен жител од с.Дабиле, кој управувал во автомобилот, а во коматозна состојба се наоѓаат неговите сопатници, родени, 1988, 1990 и 1984 година од село Муртино, односно Дабиле. Пренесени се во Медицинскиот центар Струмица. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот
57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград.
Според српски Телеграф, на патникот му се слошило за време на летот.
Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал.
Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт, објавија српските медиуми.
фото: принтскрин
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

