Црна хроника
Јанкулоска: „Детонатор“ продолжува во сите сектори на МВР низ цела Македонија
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска изјави дека полициската акција „Детонатор“ продолжува во сите сектори на МВР низ цела Македонија сè до откривање на последните инволвирани.
Јанкулоска во четврток беше во посета на СВР Штип и ПС Кочани се сретна со началникот на Секторот за внатрешни работи во Штип Момчило Сталетиќ со кој разговарале за апсењето на командирот на ПС во Кочани Ванчо Тодоровски.
“Денеска сум во работна посета на СВР Штип и ПС Кочани. Сакав да се информирам од прва рака за промената на раководството во оваа станица, бидејќи по акцијата „Детонатор“ овде настанаа кадровски промени, а во меѓувреме надлежните служби од МВР направија темелна проверка на работата на ПС заради постоење основано сомнение дека претходното раководство во одредени случаи не ги почитувало полициските правила и се направени одредени прекршувања на службените овластувања. Сите овие проверки на поголем број предмети и на изјавите на сведоците кои дадоа искази во ПС потврдија дека од првите луѓе на станицата се сторени тешки кривични дела за кои ние поднесовме кривични пријави“ изјави Јанкулоска. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

