Црна хроника
Ограбена обложувалница во Струга

Вооружен разбојник вчера попладне ја ограбил спортската обложувалница „Спорт лајф“ во Струга на улица „27 март“, соопшти МВР.
Разбојникот со пиштол во рацете почнал да им се заканува на двајцата вработени и украл 120.000 денари.
Струшката полиција изврши увид на лице место и го бара разбојникот кој избегал веднаш по кражбата./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Под дејство на алкохол удрил во мопед и во „голф“: уапсен кумановец

Вчера во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода 31-годишниот Д.А. од Куманово, извести МВР.
На улицата „Теофан Економов“ во Куманово, тој со возило „сеат леон“ со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Метална шипка паднала врз скопјанец при санација на покрив на зграда: тој ги нападнал колегите

Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката.
Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја заклучувал сопругата, ја тепал и ѝ се заканувал: кривична за тетовец

Тетовец ја заклучувал сопругата, ја тепал и и се закнувал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Тетово.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, ,,телесна повреда“ и ,,противправно лишување од слобода“.
Од 25.02. до 28.02.2025 пријавениот ја заклучил во семејниот дом неговата сопруга ѝ упатувал закани и физички ја нападнал.