Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
Едно лица загина, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што во понеделникот се случила на автопатот Тетово-Гостивар, на исклучок од Тумчевишка Петла кон село Врапчиште.
Во сообраќајната незгода, Исни М.(1949) од с.Топлица-Гостивар, управувајќи ПМВ „Ауди А4“, излетал надвор од патот, при што починал на самото место.Неговиот сопатник М.М.(2000) од с.Топлица се здобил со тешка телесна повреда (скршен прст) и истиот по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Гостивар бил пуштен на домашно лекување. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во гевгелиската болница: возач на амбулантно возило нападнал лекар
Лекар од гевгелиската болница вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од возач на возило на итната помош, соопшти полицијата.
„На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија“, велат од МВР.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.