Црна хроника
Двајца скопјани и еден велешанец затаиле данок од над милион евра
Двајца скопјани и еден велешанец со измами и малверзации го оштетиле буџетот за 1.200.000 евра.
Финансиската полиција поднесе кривични пријави против нив за измама, даночно затајување и фалсификување на документи.
Измамниците основале 39 фирми, а како потписници и управители за одреден паричен надомест ангажирале други лица.
„Во периодот од 2010 и 2011 година, пријавените С.Г. и А.Џ. управувале и раководеле со работењето на 39 правни субјекти, каде биле овластени потписници на банкарските сметки и налогодавачи, но истите со цел формално-правно да не фигурираат како основачи и ушравители на правните субјекти, со помош на пријавениот Т.З. пронашле 39 физички лица со кои за одреден паричен надомест во износ од 3.000 до 30.000 денари им подготвиле документација и ги запишале како основачи, управители и овластени потписници на банкарски сметки“ се вели во соопштението.
Измамниците поднеле вкупно 41 даночна пријава со невистинити податоци и се стекнале со непостоечки поврат за ДДВ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

