Црна хроника
Лабораторија за синтетички дроги откриена во Горно Соње
Импровизирана лабораторија за производство на синтетички дроги полицијата во петокот откри во викенд куќа на 49-годишен скопјанец во селото Горно Соње, што е прв ваков случај во Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При извршениот претрес, запленети се 3-4 литри финален производ амфетамин синтетичка дрога во течна и во прашкаста материја, еден импровизиран казан, кој служел во процесот за производство на синтетички дроги, повеќе видови на хемиски супстанции (сподиум хидроксид и метилалкохол), киселини (хлороводородна и други), стаклени садови, епрувети, кои што предмети се користени во процесот на производство на синтетички дроги.
Дополнително, извршен е претрес и во стан во населбата Ново Лисиче, каде скопјанецот живеел под кирија, при што се пронајдени 2674 таблети амфетамин со лого „круна“, околу 5 грама кокаин и дигитална вага за мерење.
Кривична пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ заработија вкупно тројца скопјани и непознат бугарски државјанин, поради сознанијата дека криминалната група соработува со лица од Бугарија.
Тројцата скопјани од претходно се познати на полицијата и истите се и претходно осудувани за ваков вид на кривични дела.
Цената на запленетите таблети при улична продажба може да достигне цена и од 6 до 10 евра по парче или вкупно околу 25.000 евра. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.