Црна хроника
Кумановски шофер направил 'ршум низ градот
Скинат телефонски кабел, откорнат дрвен столб, оштетени керамиди и еден повреден пешак е билансот од сообраќајката што во Куманово ја предизвикал 27-годишен возач.
Тој на улицата „Народна револуција“ со товарно моторно возило „Рено“ искинал кабел на Македонски Телеком и откорнал дрвен столб што паднал врз блиска куќа. При падот на столбот од куќата паднале керамиди врз 79-годишен пешак од Куманово, кој паднал на патот. Пешакот е пренесен во кумановскиот медицински центар каде му се констатирани телесни повреди.
Увид на местото на инцидентот изврши екипа на СВР Куманово. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.