Црна хроника
Приведена банда од скопска Пинтија, осомничена за серија кражби
По повеќемесечена оперативна работа на вработените во полициската станица Кисела Вода и Драчево приведени се лицата:пет лица од 15 до 29 годишна возраст сите од скопската населба Пинтија, коишто се осомничени за серија кражби квалификувани како кривични дела.
По извршените разговори со приведените и нивните искази потврдени се оперативните сознанија на полицијата дека осомничените се извршители на повеќе кривични дела. По добиените признанија на осомничените, преземани се дополнителни оперативни и истражни дејства, и притоа се обезбедени докази (покрај признанието). Поточно пронајдени се предмети и траги од кривичните дела и расветлени се шест кривични дела, од кои пет се сторени на подрачјето на населбата Драчево и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ во друга скопска населба Козле.
Имено, осомничените, во текот на март, април и мај годинава, во континуитет извршиле вкупно шест кривични дела, од кои две тешки кражби со провалување во куќа и во гаража, две кражби на автомобили, кражба на велосипед и една тешка кражба во обид во средното угостителско училиште „Лазар Танев“. Кражбите ги вршеле во погоден период од денот кога на објектот на напад немало никој, а прита користеле погоден алат и средства за насилно отворање.
Во текот на полициската постапка, со одобрение на истражниот судија, преземени биле неколку истражни дејствија, како претреси на домовите на осомничените, при што биле пронајдени предмети што произлегле од сторените кривични дела. Поради тоа, до Основното јавно обвинителство во редовна постапка поради постоење основано сомневање, против осомничените е поднесена кривична пријава за сторени серија кривични дела./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.