Црна хроника
Приведени 10-тина приврзаници на Вранишковски
Полицијата приведе десетина приврзаници, следбеници на расчинетиот владика на МПЦ-ОА Јован Вранишковски, потврдуваат од МВР.
Според првичните информации , следбениците на Вранишковски се товарат за перење пари, односно дека со нелегално стекнати пари, се обидувале да купат имоти во Скопје и други градови.
Полициската акција била спроведена на неколку локации, а постојат сомневање дека во ова се инволвирани повеќе приврзаници на Вранишковски, меѓу кои најблиските негови соработници.
Акцијата е во тек и детали се најавуваат за утре.
Инаку, Вранишковски и во повтореното судење доби две и пол години затворска казна.Обвинет е за злоупотреба на 325 илјади евра, црковни пари на три епархии со кои тој раководеше, Преспанско – пелагониската, Брегалничката и Повардарската./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

