Црна хроника
Скопјанец расечен со нож во расправија со брат му
Скопјанец го расекол својот брат со нож во семејна расправија што се случила во стан во скопската населба „Аеродром“на булевар „Јане Сандански“, соопшти МВР.
Во станот заедно живееле мајката и таткото заедно со своите два сина. Постариот син бил женет и во станот живеела и неговата сопруга и ќерка.
Четириесетгодишниот С.Г. кој бил женет, вчера околу 15.30 часот почнал да се расправа со неговиот татко. Во расправијата се вмешал неговиот осум години помал брат, М.Г. кој излегол од собата и му рекол да се смири, да не се расправа.
Но брат му, наместо да го послуша, го нападнал и почнал да го удира со тенџере во главата. Помалиот брат зел кујнски нож и замавнал кон својот брат. Го исекол од левата страна на градите и на показалецот од левата рака.
Повредениот брат, кој поминал со лесни повреди повикал полиција, која го привела помалиот брат. МВР работи на расчистување на случајот и против браќата ќе бидат поднесени соодветни пријави./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.