Црна хроника
Директор на ЈСП Турс нелегалано препродавал камп-приколки
Управителот на ЈСП Турс и претседателот на Управниот одбор на Македонија сообраќај нелегално препродавале камп- приколки и го оштетиле ЈСП Турс за над 1.300.000 денари.
Финансиската полиција им поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба.
Иако постоел договор меѓу ЈСП Скопје и ЈСП Турс ДООЕЛ Скопје, според кој ЈСП Скопје се обврзал правно да го застапува ЈСП Турс ДООЕЛ, сепак директорот на ЈСП Турс без знаење на управниот одбор ангажирал надворешен адвокат на кој му платил 380 илјади денари.
Директорот и претседателот на Управниот одбор исто така нелегално купувале камп приколки стари 20 години за автокамп во Градиште во Охрид за цена повисока од пазарната.
Приколките најпрво ги набавувал претседателот на управниот одбор за 71 илјада денари, односно за 18.000 денари по приколка, а потоа му ги препродал на директорот на ЈСП Турс за 1.200.000 денари.
Директорот му исплатил на претседателот на управниот одбор и провизија за продадените приколки, за што немало никаков пишан документ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

