Црна хроника
Арамија однел накит од куќа во Слупчане вреден 10.000 евра

Крадец украл накит од куќа во кумановското село Слупчане, вреден околу 10.000 евра.
Како што соопшти полицијата, кражбата се случила во петок во периодот од 20 до 22 часот, кога крадецот го пронашол клучот од влезната врата кој бил скриен под прагот, влегол внатре и го украл накитот.
Полицијата трага по сторителот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.
На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.
Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.
Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.
Црна хроника
Малолетници се закануваат и се тепаат крвнички, случаите се пријавени во полиција

Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство.
Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка.
-Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, додека на 24.09.2025 ѝ упатиле закани преку мобилна апликација, стои во полискиот билтен.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за рачистување на случајот.
Вториот случај го пријавил таткото на малолетно момче, кое физички било нападнато од неколку негови соученици.
-Во СВР СКопје вчера во 13:45 часот, Т.Т.(57) од Скопје пријавил дека на 25.09.2025 околу 11:30 часот во спортска сала од основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици, се вели во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.
Топ
Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино, кој превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега.
-На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино. Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото „мазда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти. Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот.