Црна хроника
Силувано 13 годишно девојче во битолско
Против 19- годишниот Антонија Ѓ. жител на селото Десово, општина Долнени, полицијата поднесе кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.
Случајот во полицијата во селото Ропотово вчера попладнето околу 17 часот го пријавила мајката на злоупотребеното 13-годишно девојче.
Според портпаролот на СВР Битола, Ѓоко Стрезовски, полицијата веднаш заминала на местото на настанот и констатирала дека околу 17 часот девојчето штом се упатило кај соседите, било пресретнато од 19 годишниот Антонија Ѓ.
„Прво го намамил да му пријде со изговор да му даде пари за да му купи сок. Откако девојчето се доближило до терасата од куќата на осомничениот, тој насила го зграпчил, го внесол во домот и ги заклучил вратите. На девојчето му ја врзал устата со ткаенина, го турнал на креветот и го силувал“, појасни Стрезовски.
Девојчето му пружало отпор на силувачот и викало за помош. Нејзиното викање го слушнала мајка и’ која во тој момент поминувала покрај куќата.
„Осомничениот тогаш се обидел да го внесе девојчето во друга просторија. Тогаш таа се оттргнала и побегнала надвор кон мајка си“, додава Стрезовски.
Полицијата го фатила осомничениот 19-годишник, го привела, а во средата е предаден на истражен судија./крај/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

