Црна хроника
Шест месеци казна затвор за сопственикот на „Телекабел“
Шест месеци ефективен затвор доби сопственикот на Телекабел, Роберт Димитров-Роби, за кривично дело насилство.
Информацијата ни ја потврди портпаролот на Основниот суд во Штип, судијата Стојан Михов, јавува штипското радио Канал 77.
Како што јавува радиото, во тепачката која што се случи пред две години во една од собите на мотелот „Нико Петрол“,со скршен нос заврши синот на сопственикот на „Нико Петрол“, а со телесни повреди заврши и еден негов другар.
Причината за бесот на газдата на Телекабел била девојка која што тој ден била во мотелската соба заедно со синот на сопственикот на „Нико Петрол“, а која што претходно се забавувала со Димитров. Настанот се случил во раните утрински часови, кога Роби заедно со еден од неговите телохранители, влегле во собата за да ја земат девојката.
Во настаната мешаница собата била целосно демолирана, а синот на сопственикот на „Нико Петрол“, Мишко Н. заработил скршен нос. Откако Димитров заедно со неговиот телохранител заминале од собата носејќи ја со себе и девојката, на излегување ги пресретнал другар на Мишко, кој во од бил турнат , паднал и заработил силен удар во главата.
Судскиот процес траеше речиси две години.Во меѓувреме тужбата против телохранителот на Роберт Димитров, Драган М, била повлечена. Пресудата не е правосилна. /крај/канал77/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

