Црна хроника
Запленети над 7.000 фалсификат детски влечки и маички
Царинските службеници во Скопје и Охрид привремено задржаа 7.050 пара влечки и над 300 маици со ознаки на заштитени трговски марки поради сомнение дека се работи за фалсификати, во два издвоени случаи.
При контрола на контејнер натоварен со стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 2 за фирма увозник од Скопје, мобилните царински тимови во соработка со царинските службеници од испоставата открија 7.050 пара детски влечки со ознака на заштитената трговската марка NIKE. Доколку на пазарот би се продавала како оригинал, вредноста на стоката би надминала два милиони денари. Во вториот случај, при контрола на разна текстилна стока со потекло од Турција, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Охрид, откриени се 300 детски маички со лого на заштитените трговски марки Adidas и Puma. Стоката била наменета за фирма увозник од Охрид.Во двата случаи, согласно одредбите од законот за заштита на права од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на оригиналноста на стоката. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

