Црна хроника
Ограбени два маркета во Скопје
Два маркети се ограбени ноќта помеѓу петокот и саботата, при што во едниот случај се работи за вооружен грабеж, а во другиот за провалување во објектот.
Првиот настан се случил во 22,30 часот, во Скопје на ул.„Волгоградска“ во колонијал на ТП „Кајо“, кога две маскирани лица од кои едното вооружено со пиштол извршиле разбојништво над Л. В. (48) од Скопје.Разбојништвото го извршиле на тој начин што со закана со пиштол и побарале на Л.В. да им ги даде парите, по што едното од нив ја фатило за вратот и ја спуштило на подот, а другото лице од касата и од картонска кутија под работниот пулт одзело околу 17.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. Другиот случај е регистриран на ул.„Методија Митевски“ во маркет „Тедико супер“, сопственост на Р.Т. (59), кога непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел разни видови на цигари и ситни пари, а материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со подесен алат ја отворил вратата од металниот орман од електричната струја и ги демонтирал осигурачите , потоа го скршил излогното стакло од маркетот, влегол внатре, дошол до регистар касите каде извршил пребарување по фиоките и витрините и ги зел наведените предмети. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

