Црна хроника
Приведени тројца деликвенти
Скопската полиција поднесе кривична пријава против Д.Д. викан “Дуди“ (25), А.И. викан “Белаја“ (44) М.Џ (27) сите од Скопје, поради постоење основано сомневање дека на 18. 06 извршиле тешка кражба во моторно возило, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 35.000 денари.
За стореното кривично дело, кое е предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ, Истражен судија на тројцата им одреди мерка притвор во траење од по 30 денови.Кривичното дело, пријавените го извршиле околу 15,30 часот на паркинг просторот во непосредна близина на ОУ „Блаже Коневски“ во населба Аеродром. На наведеното место пристигнале со моторно возило “Мерцедес“, сопственост и управувано од А.И. и откако се паркирале во непосредна близина на моторно возило “Ланчиа“, кое било објект на нивниот напад, Д.Д. излегол од возилото, а останатите двајца останале во возилото за да чуваат стража. Д.Д. со употреба на ножици ја оштетил бравата од возилото, го отворил и од седиштето одзел две чанти во кои имало 26.000 денари, кредитни и платежни картички, мобилен телефон и различни документи, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 35.000 денари. Во моментот кога се упатил кон возилото, каде го чекале А.И. и М.Џ., бил пресретнат и лишен од слобода од полициски службеници припадници на единицата за спречување на уличен криминал “Алфа“. При приведувањето, тројцата пријавени пружале активен отпор, а Д.Д. се обидел да бега, фрлајќи ги чантите и ножиците.Сторителите се приведени во ПС од ОН Аеродром, каде по извршениот разговор, како и по претходно превземени мерки и активности е утврдено дека тие тројца се можни сторители на серија тешки кражби во возила, за што по обезбедување на материјални докази и документирање на истите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Инаку, пријавените уште како малолетници се регистрирани сторители на имотни деликти за што од надлежен суд им се изрекувани казни, малолетнички затвор, додека по стекнувањето на полнолетност покрај имотни деликти, сторители се и на деликти проследени со насилство, недозволено изработување, држење и тргување со оружје, крвни деликти и недозволена трговија со наркотични дроги и прекурзори. За извршени кривични дела, против тројцата досега вкупно се поднесени 92 кривични пријави за кои надлежен суд им изрекол соодветни затворски казни. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

