Црна хроника
„Нападнат“ сајтот на МВР
„Доста со навреди и притисок врз Албанците, нема повеќе молчење, дојде крајот на нашата трпеливост, ја сакаме нашата земја и „Митровица – Прешево – Бујановац – Гостивар, сакаме нашата земја да им се врати на етничките Албанци“.
Ваква порака во понеделникот попладне се појавила на официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи (МВР), со фотографија со лого со двоглавиот орел на кое е испишано КНА.
„Ние сме легенди кои никогаш не умираат“.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во понеделникот околу 18 часот имало напади на веб сајтот на МВР, поради што лицата задолжени за заштита на податоците на интернет страницата веднаш реагирале и го исклучиле ресурсот на одреден период. По два часа страницата била повторно пуштена во употреба.
Од таму потенцираат дека интернет страницата не бил хакирана и дека напаѓачите не дошле до никакви податоци, туку само се обиделе, односно ја нападнале заштитата на ресурсот.
Страницата во вторник е достапна а МВР работи на лоцирање на лицата кои се обиделе да го хакираат сајтот./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

