Црна хроника
Затвореник кој избегал пронајден мртов
Полицијата го утврди идентитетот на починато лице кое беше најдено на 13-ти март во скопското село Горно Лисиче , кај местото „Дупки“ во ревизионата станица за отпадна вода од АД „Охис“ покрај реката Вардар.
Според МВР, станува збор за четириесет иосумгодишниот Томислав А. од Скопје кој избегал од затворот „Идризово“ и на 8-ми март по него била издадена потерница.
Телото на починатиот затвореник го нашле двајца случајни минувачи, а неговото тело било предадено за обдукција на Институтот за судска медицина.
Обдукцијата покажала дека Томислав починал како последица на удар при пад.
Инаку Томислав бил пуштен на викенд, а издржувал казна затвор во траење од десет години за убиство кое го извршил во 2004 година. Требало да доиздржи уште една година и седум месеци./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

