Црна хроника
Тетовец ги избодел со нож жена му и мајка му
Жител на тетовското село Теново во сабота сабајле околу 8 часот ги избодел со нож сопругата и мајката, соопшти МВР.Тетовец си отишол дома и без повод и причина почнал да и вика и да се расправа со сопругата.
Неговата мајка реагирала и му рекла на синот да се смири. Во тој момент тој зел нож и ја избодел мајка си во пределот на надлактицата, а жената на левата рака.
Го зел автомобилот и избегал. Двете повредени жени биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, каде им била укажана лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување.
Напаѓачот е пронајден и приведен и против него ќе следува соодветна пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

