Црна хроника
ГРЕКО со најмногу забелешки за финансирањето на политичките партии
Само седум од вкупно 13 препораки на ГРЕКО (Групата Држави против корупција) исполнила Македонија. Најмногу забелешки, оваа меѓународна организација има за финансирањето на политичките партии, кои Македонија има рок да ги поправи до 30 септември 2013 година.
Во однос на транспарентноста на финансирањето на политичките партии од шест препораки, една е задоволително имплементирана, три се делумно имплементирани, а две не се имплементирани.
„Со цел за подобрување на финансиската дисциплина на партиите, ГРЕКО препорачува работа на подобрување на обрасците за извештаите кои ќе овозможат целосен увид во финансиите на партиите, обуки во поглед на водењето на финансиските извештаи, потребата од понатамошно јакнење на Државниот завод за ревизија како водечко супервизиско тело, неговите овластувања, ресурси и капацитети за да врши проактивна и ефикасна супервизија, истрага и извршување на прописите за партиско финансирање“ изјави Анета Арнаудава, претставничката на Македонија во ГРЕКО.
Министерот за правда, Блерим Беџети вели дека во однос на препораките за финансирањето на партиите, во владина постапка се измените и дополнувањата на Изборниот Законик и Законот за финансирање на политичките партии.
ГРЕКО препорачува и воведување на пофлексибилен систем на санкции за непостапување по финансиските прописи, покрај кривичните и прекршочните санкции, да се воведат административни санкции кои ќе имаат за последица губење на финансирањето од јавните средства, особено за помали прекршувања./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

