Контакт

Црна хроника

Спасов:Не бев на плоштад да убивам, туку да го заштитувам премиерот

Објавено пред

Игор Спасов, обвинетиот за убиството на младиот Мартин Нешковски на денот на изборната победа минатата година поднесе жалба до Апелациониот суд на пресудата на Основниот суд Скопје 1, со која беше осуден на 14 години затвор за „убиство со умисла“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот и неговата одбрана бараат или да се преиначи пресудата, да се донесе одлука со која обвинетиот се ослободува или да се укине пресудата и да се врати повторно на судење во Кривичниот суд.

Обвинетиот останува на своето тврдење, дека тој не го убил Мартин Нешковски. Тој тврди дека Мартин не го удрил во глава, туку дека го удрил во слабината, а како причина за неговата смрт е наведен ударот во носот.

„Менталниот склоп вечерта, мене не ми бил да убивам, туку да го заштитувам претседателот на Владата. Мене ми е многу жал што изгубивме млад живот и две семејства сега патат. Меѓутоа јас не го убив Мартин Нешковски“ рече Спасов пред судиите од Апелациониот суд.

Одбраната вели дека пресудата е неразбирлива и противречна и дека во неа не е наведен мотивот поради којшто е извршено убиството. Освен тоа тие имаат забелешки и поради тоа што не биле земени во предвид лекарските прегледи кои што ги правел Спасов за време на неговото работење како специјалец.

Го оспорија психијатриското вештачење во кое се вели дека Спасов биле емоционално незрела личност.

Јас работев со оружје, мора да бидам психофизички здрав. На секои шест месеци правев психофизички прегледи, но судот не ги зеде во предвид тие прегледи. Три години работев како лично обезбедување на актуелниот претседател на Владата, а 1,5 година го обезбедував Љубчо Георгиевски“ рече Спасов.

Тој вели дека ниту го познавал Мартин, ниту пак, дека имал намера и мотив да го убие. Спасов за време на убиството тврди дека бил работно ангажиран како и неговите колеги и дека сите наредби ги примал од старешината.

Иако, како што тврди, неговите колеги ги смениле брзо исказите, според него не е логично сите да биле на плоштад за „да шлапкаат раце на победата на ВМРО ДПММЕ“, а еден од нив и со службено возило.

„Првостепената пресуда е контрадикторна со основниот доказ со секциониот протокол. Јасно е наведено во првостепената пресуда дека го удирал со клоци и со рака, со боксови во пределот на главата. Секциониот протокол е тотално контрадикторен со диспозитивот на пресудата. Таму јасно  стои дека имало гребаници на надлактицата, имало гребаница на носот и скршеница на носната коска. Не постојат тие удари во секциониот протокол коишто се наведени во диспозитивот на пресудата. Тоа е основна, почетна контрадикторност на пресудата со доказите“ изјави адвокатот на Спасов, Ване Андреев.

Вишиот обвинител побара да се одбие нивната жалба во целост, бидејќи пресудата била јасна и законита.

На јавната расправа беше присутно и семејството на убиеното момче Мартин Нешковски. И тие очекуваат случајот да се врати на почеток.

„Да го вратат случајот од почеток и да ги инволвираат буквално сите. Да ги земат во предвид доказите кои судот не сакаше да ги прими и да ги погледне . Јасно се гледа дека од качувањето на бина на Груевски до моментот до кога Мартин е убиен, тој не бил во близина на бината. Го нема во радиус од 40, 50 метри. Униформираните полицајци кои биле активни цела вечер, гледале сè и и не направиле ништо“ изјави Александар Нешковски, братот на Мартин.

Сега ќе се чека одлуката на Апелацискиот суд./крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка

Објавено пред

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

dobivaj vesti na viber

Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом

Објавено пред

Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Обид за убиство во гостиварско

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

dobivaj vesti na viber

На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје2 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа3 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет3 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет3 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија11 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија13 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија22 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија22 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија23 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија24 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија24 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија1 ден

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија1 ден

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија1 ден

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија1 ден

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...