Црна хроника
Се самоуби сопственикот на синџирот ресторани „Кај Злате“

Сопственикот на познатиот синџир на ресторани во Скопје „Кај Злате“ во вторникот вечерта се фрлил од зграда во центарот на Скопје.
Од МВР информираат дека инцидентот се случил во вторник навечер во 22.40 часот, кога четириесет и деветгодишниот Златко Митковски скокнал од вториот кат на зградата на улицата „Истарска“ зад Олимпискиот базен.
Тој подолг период боледувал од канцер, а наскоро требало да му биде извршена хируршка интервенција. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.