Црна хроника
„Детонатор“:Буџетот оштетен за 10 милиони евра
Близу 10 милиони евра е оштетен државниот Буџет заради нелегалните игри на среќа, што беа откриени во рамки на акцијата „Детонатор“.
Штетата е направена по основ на неплатени давачки предвидени со „Законот за игри на среќа и забавни игри“ и изнесува 605.695.977,00 денари или 9.848.715 евра.
Од извршените контроли е констаирано дека 29 објекти – автомат клубови, лоцирани во повеќе градови на територијата на Р.Македонија приредувале игри на среќа, без да поседуваат лиценци, согласно Законот за игрите на среќа и забавни игри и тоа: шест објекти на подрачје на Кочани (четири во Кочани, по еден во с.Облешево, с.Оризари), пет на подрачје на Струга (два во с.Лабуништа и по еден објект во с.Велешта, с.Вевчани и Струга), пет на подрачје на Гостивар ( четири во Гостивар и еден во с. Форино), четири во Македонска Каменица, два објекта на подрачјето на Делчево, три објекти во Тетово, два во Куманово, и по еден во Крива Паланка и Кратово. При извршените контроли во овие објекти пронајдени се и одземени 574 покер апарати, 17 електронски рулети и маса за играње „Блек џек“, кои биле ставени во функција и на истите неовластено се организирале игри на среќа (комар).
Инаку, при извршените контроли пронајдени се вкупно 953 автомати за игри на среќа (934 покер апарати, 18 електронски рулети и маса за играње „Блек џек“)..
Како резулат на извршените контроли и утврдените неправилности во работењето на објектите, од страна на МВР до надлежните обвинителства во РМ поднесени се вкупно 16 кривични пријави против 19 физички поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела „даночно затајување“ по чл.279, „комар“ по чл.398 од КЗ на РМ, како и кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавни игри и 8 правни лица за кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавни игри, и член 28-а во врска со „даночно затајување“ по чл. 279 од КЗ на РМ.
Пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист во периодот од 2006 година до 2012 година набавиле и спротивно на законските прописи ставиле во промет апарати на кои неовластено организирале игри на среќа (комар), без при тоа да ги превземат со закон предвидените постапки за регистрација на објектите како „автомат клуб“ во рамките на трговски друштва кои ги поседуваат, со намера целосно да ги одбегнат давачките предвидени со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Инаку, сопствениците на објектите согласно законските прописи биле должни на сметка на Буџетот на РМ да уплатат надоместок за добивање лиценца во износ од 78.750 евра (за секој автомат клуб) и по 375 евра месечен надоместок за автомати за игри на среќа за еден учесник (покер апарати) и по 675 евра месечен надоместок за автомати за игри на среќа за повеќе учесници (електронски рулети).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.

По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.

