Црна хроника
Започна судскиот процес за исчезнатиот велешанец Анѓел
Обвинетите за грабнувањето на дваесет и пет годишниот Анѓел Стојанов од Велес седнаа на обвинителна клупа.
Таткото и синот Перо и Борис Нацеви даваа искази во своја одбрана. Судијата неколкупати ги соочуваше поради тоа што исказите им беа контрадикторни со оние кои ги дале пред истражен судија, јавува велешкиот портал Лисица.
Свои изјави дадоа и девет сведоци. Дел од нив исто така беа соочени со обвинетите за да се утврди веродостојноста на доказите. Еден од сведоците побара својот исказ да го даде надвор од очите на јавноста.
Кривичниот судски совет најмногу се задржа на алибито на обвинетиот Борис за критичниот час на инцидентот. Четири часа траеше главниот претрес. Тој предизвика бурни реакции кај родителите на исчезнатиот Анѓел. Тие бараат обвинетите да кажат каде е телото на нивниот син.
„Мојот син е убиен, барам судот да им нареди на осомничените да кажат каде е телото“ рече Весна Стојанова мајка на исчезнатиот Ангел.
„Бараме правдата да ги стигне убијците на мојот син“ рече Сашо Стојанов таткото на Ангел.
Роднините на обвинетите пак не сакаа да зборуваат. Следното судско рочиште е закажано за 19 овој месец. И јавниот обвинител и одбраната побараа нови сведоци и дополнителни докази.
Анѓел Стојанов како исчезнат се води од 7-ми март годинава. Критичниот ден обвинетите го пресретнале, истепале и го ставиле во багажникот од автомобилот. Го однеле во правец на реката Бабуна надвор градот и од тогаш му се губи секаква трага./крај/лисица/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

