Црна хроника
Тројца се борат за живот, а седум деца полесно повредени во пожарот над Струмица
Двајца вработени во ЈП Македонски шуми и еден волонтер се тешко повредени во пожарот што избувна околу пладне над Струмица, јавува струмичката телевизија „Вис“.
Тешко повредените се пренесени на лекување во Скопје, а двајца од потешко повредените биле браќа.
Меѓу повредените има и седум деца кои поминале со полесни повреди, а сите се префрлени во Општата болница во Струмица.
Лицата настрадале гасејќи го пожарот кога краткото невреме ги засили пламените јазици кои буквално ги опколиле повредените.
За среќа поројниот дожд кој ја зафати Струмица го смири пожарот кој можеше да предизвика голема катастрофа.
Претходно градоначалникот Зоран Заев ја следеше состојбата од терен.
„Рано е да се каже кои се причините за избувнување на пожарот. Не може да се каже дали станува збор за човечки фактор или е нешто друго во прашање. Во моментот најважно е тој да биде ставен под контрола и да не се дозволи да ги зафати куќите. Во гаснењето се вклучени сите надлежни институции. Не постои толку голема опасност од евакуација на месното население, но вниманието е на највисоко ниво. Апелирам кај граѓаните да нема вознемиреност и паника“, рече струмичкиот градоначалник Зоран Заев.
Огнената стихија ја зафати боровата шума над Струмица од улицата „Бошко Буха“ кон месноста викана Два пата./крај/вис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

