Црна хроника
Нападнати полицајци во два одделни инциденти во Скопје
Униформирани полицајци биле нападнати во изминатото деноноќие во Скопје додека ја вршеле својата должност во два одделни случаи, соопшти во четвртокот Министерството за внатрешни работи.
Првиот инцидент е регистриран во средата рано изутрина ул.„Лука Геров, кога од страна на двајца униформирани службеници, било запрено патничко возило „Пежо“, во кое биле три лицаДодека полицајците пишувале платен налог за наплата на глоба поради сторен прекршок, на местото на настанот пристигнале две други лица, кои не биле во пежото.Едниот од нив во еден момент почнал да му вика на едниот полицаец, по што тој му побарал документи за идентификација и кога се упатил кон него тој го фатил за десната рака, го удрил и турнал со двете раце во пределот на градите, по што лицето го искористил моментот, и со трчање избегал, во правец кон ул.„Лука Геров“.Додека вториот полицаец се обидувал да му помогне на колегата, истиот бил спречен од страна еден од сопатниците во пежото, туркајќи го во пределот на градите. Истиот побарал помош преку радио врска, по што лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Вториот инцидент се случил околу 21,00 часот во Скопје на ул.„Јабланица“, каде по предходна пријава за нарушен ред, на лице место излегол униформиран полицаец.При превземање на службени дејствија, тој бил нападнат од М.Д.(1984) со тупаници во пределот на градите и му нанел видливи повреди, расекотина на прстот и му искинал дел од службената униформа. ПС-Кисела Вода презема мерки за целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

