Црна хроника
Наместо да ја чува државната пченицата, правел брашно за својата фирма
Сопственик на складиште, наместо да ја чува пченицата што му ја доверила Агенцијата за стокови резерви, тој си правел пченично брашно од неа и го оштетил буџетот за над 24 милиони денари, соопшти МВР.
Шеесет и деветгодишниот битолчанец во 2011 година склучил договор со државната Агенција за стокови резерви за складирање, чување и обновување на пченица.
Во неговата фирма „Млин Стојчев“ во Битола неколку пати биле складирани повеќе од 2 милиони килограми пченица.
Подоцна, комисија што ја формирала Агенцијата за контрола и попис на стоки од стоковите резерви, направила контрола на она што било складирано во неговата фирма.
Комисијата констатирала дека наместо над 2 милиони килограми пченица, во складиштето имало 900.00 килограми пченица, односно недостигале 1.560.856 килограми пченица.
Наместо да ја чува, битолчанецот ја искористил пченицата за производство на брашно наменето за пекарската индустрија која била во рамките на фирмата „Млин Стојчев“.
Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на овластување во стопанството./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.