Црна хроника
Украдени поголеми количества златен накит од куќи во Скопје и Штип
Крадец украл златен накит и 85.000 денари од куќа на 72 годишен скопјанец, соопшти полицијата.
Според истиот извор, кражбата се случила меѓу среда и четврток на улицата Џумајска, кога арамијата влегол во куќата на М.Ц. и одзел поголема количина златен накит и бижутерија и околу 85.000 денари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 685.000 денари.
Во друг случај на кражба во Штип, на улицата Косовска непознат сторител насилно го отворил прозорецот од куќата на 47 годишниот Д.С. и извршил тешка кражба од каде одзел околу 300.000 денари, златен накит и алат.
И во двата случаја полицијата трага по сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

