Црна хроника
Девојче од Македонија продадено, злоставувано и силувано во Италија
Италијанската полиција во понеделникот објави дека спасила 13-годишна Македонка, која откако била продадена од страна на нејзиното семејство поради брак, била страотно злоставувана и малтретирана од новото семејство.
Девојчето на полицијата од Венеција им кажала дека нејзиното семејство, со кое живеело во Македонија, ја продало за 3.000 евра, по што била донесена во Италија за да се омажи за 17-годишно момче, пренесе агенцијата АНСА.Иако таа се противела на таквиот договор, откако дошла во Италија била силувана и психички злоставувана.Според нејзиниот исказ, во еден наврат нејзината свекрва ја држела, додека сопругот ја силувал, а откако била спречена при обид за бекство, за казна била ставена во када со пода, по што ја „палеле“ со електрична жица.Полицијата дознала за случајот, откако локалното население пријавило дека виделе малолетна девојка полна со лузни како моли за помош. Девојчето било веднаш префрлено во болница, каде што се лечат нејзините лузни, а пружена и е психијатриска помош.Полицијата го уапси нејзиниот сопруг и неговата мајка, кои во Венеција се имаат доселено од Наполи. /крајх/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

