Црна хроника
Без да знае подигнале кредит на негово име
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против четири лица, од кои двајца банкарски службеници, поради сторена измама и злоупотреба на службените овластувања.
Банкарските службеници одобриле кредит од 5.000 евра на двајцата измамници, кои претходно обезбедиле лична карта од петто лице, без тој да знае за каква намена ќе биде употребен неговиот документ.Кривична пријава е поднесена против А.И.(47) од Тетово за сторено кривично дело „измама“, против Ш.К.(29) и А.Б.(28), вработени како референти во „Уни Банка“-Подружница Тетово за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Б.М.(31) од Тетово за „помагање“ в.в. „измама“.Во текот на 2007 година, А.И. со намера да се стекне со противправна имотна корист со помош на Б.М., го довеле во заблуда Б.Е. дека ќе биде вработен во спортската обложувалница „Фифа“ во Тетово, сопственост на А.И., за што обезбедиле негова лична карта. По ова, А.И. се упатил во „Уни Банка“ експозитура Тетово, каде ја употребил личната карта на Б.Е. и во договор со Ш.К. и А.Б. била изготвена целокупната документација за подигање на кредит во износ од 300.000 денари на име на Б.Е., додека паричните средства му биле исплатени на А.И. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.