Црна хроника
Пет активни пожари, еден целосно изгаснат
Во понеделникот на територијата на земјата се активни уште пет пожари, додека целосно е изгаснат огнот кој избувна по 11 часот во тетовското село Горно Челопек, се наведува во соопштението Дирекција за заштита и спасување за состојбата до 14 часот.
Во велешко, во општината Чашка активен е пожарот кај селата Лисичи, Бањица, Дреново Ралевци и Бреза каде што гори нискостеблеста и деградирана шума и од стара сеча.. Од огнената стихија во неделата на ова подрачје над селото брза одекнале осум експлозии, од засега неутврдени причини. Во гасењето на пожарот се вклучени 15 вработени од Шумското стопанство на „Македонски шуми“.
Во кумановската општина Липково активен е пожарот кај селото Стрима. Таму гори ниско стеблеста и деградирана шума, а огнот го гасат екипи на локалното шумско стопанство со 13 вработени и две возила .
Во резерватот „Јасен“ на територијата на општината Македонски Брод, од правецот на селото Тажево кон селото Белица, активен но под контрола е ставен пожарот што опфати борова шума . Таму дејствува територијалната противпожарна бригада помогната од десет вработени од локалното шумско стопанство
Во атарот на Македонски Брод, исто така, е активен и пожарот кај селото Црешнево, каде што огнот зафати нискостеблеста шума и чукара, а го гасната четворица вработени во шумското стопанство
Во тетовско, во општината Теарце кај селото Одри активен е пожар. Гори букова и костенова шума за што се ангажирани работниците на шумското стопанство.
Во општина Брвеница , над селото .Горно Челопек околу 11.20 часот е информирано дека се појавил пожар кој зафатил сува и ниско стеблеста шума, кој е целосно изгаснат околу 13 часот со ангажирање на противпожарната единица со две возила и шест пожарникари./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

