Црна хроника
Двајца виничани обвинети за перење пари и затајување данок
Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против две лица од Виница, поради сомнение дека ги сториле кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночно затајување“
Осомничени се лицата што лицата идентификувани како 43-годишен со иницијали И.Г. од Виница, оснивач и содружник во друштвото „ВИН ИНВЕСТ“ ДОО Виница и 27-годишник со иницијали С.П., исто така, од Виница, управител во истото друштво.
Според наодите на истрагата, двајцата во периодот од 2008 до 2011 година, се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 6.298.649 денари, откако во овој период не пресметале и не уплатиле персонален данок во износ од 2.170.725 денари и ДДВ во износ од 4.127.914,00 денари.
Поголемиот дел од овој нелегално остварен профит, односно 5.081.170 денари го легализирале со пуштање во промет на сметката на нивното друштво „ВИН ИНВЕСТ“ ДОО Виница во вид на позајмици, односно овие средства ги инвестирале во изградба на стопански објект хала „Горица“ во Виница, во висина од 3.888.070 денари, како и за купување градежно земјиште со површина од 373 квадратни метри на Кожуф, од Ски центар Кожуф АД Кавадарци, во износ од 1.193.100 денари.
Имено, во деловните години од 2008 до 2011 година, двајцата пријавени преку „ВИН ИНВЕСТ“ ДОО Виница за потребите на клуб кабаре „Ефект“ коешто било регистрирано во рамките на истата виничка фирма, вршеле набавка на пијалаци во поголемо количество од повеќе правни лица, кои ги продавале во локалот без да ги евидентираат во деловните книги, при што не го прикажале и не го уплатиле дневниот промет во нивното друштво „ВИН ИНВЕСТ“, а истовремено не го евидентирале приходот од продажбата на пијалаци. Поради тоа тие се осомничени дека го сториле кривичното дело „даночно затајување“ предвидено и казниво по членот 279 од Кривичниот законик.
Истовремено, на истиот начин двајцата виничани во истиот период во фирмата, односно во „Клуб Кабаре ЕФЕКТ“ во Виница, не прикажале промет во вкупен износ од 22.932.915 денари, односно не пресметале и затаиле данок на додадена вредност (ДДВ) во износ од 4.127.924 денари.
Покрај ова, бидејќи се работи за неевидентирана набавка на пијалаци која била извршена со плаќање во готовина, а со тоа и неевидентирање на целокупно остварениот промет со продажба на пијалаците во локалот, што не е уплатен како дневен пазар од страна на пријавените одговорни лица во „ВИН ИНВЕСТ“, истиот се смета како лично примање на одговорните лица. На овој начин двајцата биле должни, но не уплатиле персонален данок во вкупен износ од 2.170.725 денари. По двата основа, ДДВ и персонален данок, пријавените затаиле и присвоиле вкупен износ од 6.298.649 денари, како против правна имотна корист за себе и друштвото оштетувајќи го државниот Буџет.
Од друга страна пак, пријавените нелегално стекнатиот профит делумно, односно износ од 3.888.070 денари, го легализирале така што го пуштиле, односно го внеле во промет на сметката на друштвото „ВИН ИНВЕСТ“ како позајмици, кои ги инвестирале во изградба на халата „Горица“ во Виница, а дел во износ од 1.193.100 денари го легализирале со купување градежно земјиште со површина од 373 м2 на Кожуф, од Ски центар Кожуф АД Кавадарци или пуштиле во оптек вкупно 5.081.170 денари, сума за која знаеле дека е стекната со кривично дело, па така сега се товарат и за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, предвидено и казниво по членот 273 од КЗ./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

