Црна хроника
Момче загина во сообраќајка кај Вевчани
Во сабота, околу 22 часот на локалниот пат Вевчани – село Горна Белица кај местото викано Смолејца во близина на Вевчани, се случила сообраќајна незгода во која живото го загуби Христијан С (20) од Вевечани, соопшти МВР.
Христијан С. (1992) возел автомобил марка „фиат мареа“ со охридски регистерски ознаки, кога излетал од коловозот и се превртел на кров во нивите.
Од здобиените повреди на лице место починал Христијан, додека сопатниците Н.П.(1993) и А.П.(1992), двајцата од Вевчани, се здобиле со тешки поврди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга се пуштени на домашно лекување.
Утрово беше извршен увид на лице место од страна на јавен обвинител, истражен судија и увидна екипа од полицијата, за да се утврдат причините за несреќата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

