Црна хроника
Македонец пронајден мртов на градилиште во Црна Гора
Македонец кој работел како градежник во Подгорица во понеделникот е пронајден мртов, а причините за смртта сé уште не се познати.
Дваесет идвегодишниот Васе Игнатовски од Пробиштип е пронајден мртов во понеделникот околу 13 часот на градилиштето на зградата во близина на Крив мост и Детската болница, пишува црногорскиот весник Вијести.
Обдукцијата треба да покаже дали Игнатовски починал од природна смрт или смртта настанала од повреди, изјавиле од полицијата за црногорскиот весник.
Според неофицијални информации од полицијата, Игнатовски со сопственикот на зградата тој ден се договарале да работи во еден од деловниот простор.
Тие наводно заедно го обиколиле просторот во кој требало да направат галерија. Потоа инвеститорот заминал од градилиштето, а Игнатовски останал да провери што сé е потребно да направи.
Нешто подоцна, работниците кои биле во близина, го пронашле Игнатовски како неподвижно лежи на преградна плоча висока три метра во тој деловен простор и повикале Итна медицинска помош.
Екипата на Итната медицинска помош, констатирала смрт. Соговорник за Вијести од полицијата вели дека истрагата е уште во тек, но дека нема индиции дека смртта настапила насилно.
Причините за смртта ќе се знаат дури откако сите вештаци кои по налог на обвинителот го правеле увидот, ќе ги достават своите наоди./крај/вијести/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

