Црна хроника
Цариниците запленија скоро 15 килограми дрога
Царинските службеници во недела во два одделни случаи запленија скоро 15 килограми дрога, шест килограми хероин и 8,5 килограми марихуана.
Хероинот бил откриен во недела попладне околу 16 часот во автомобил марка „Фолксваген пасат“ со македонски регистерски таблици кое го управувал стружанец, на граничниот премин „Табановце“.
Цариниците почнале да се сомневаат кога виделе дека бандажите на возилото биле преправени, па автомобилот бил пратен на детален преглед.
Била демонтирана предната десна гума и во бандажот бил пронајден хероин. Дрога имало скриено и во другите бандажи, па цариниците извадиле вкупно шест килограми.
Крајната дестинација на хероинот, кој бил вреден 500.000 евра, била Австрија.
Марихуаната била откриена на истиот граничен премин три часа подоцна. Цариниците го пратиле возилото со албански регистерски таблици на детален преглед поради сомнителното однесување на возачот и совозачот.
При преглед во пределот на вентилација забележана е црна најлонска ќеса. Вентилацијата не работела, па ќесата е пробиена и од неа е извадена марихуаната.
Кај совозачкото седиште под маската на возилото се пронајдени 9 пакетчиња облепени со кафеава селотејп трака, наполнети со непозната растителна материја со зелено кафеава боја со вкупна тежина од околу 6540 гр. Со вадење на шалт таблата, во празниот простор од вентилацијата исто така е пронајдена растителна материја во рефус состојба со вкупна тежина од околу 1995 гр.
Откриени се вкупно 8 килограми и 530 грама./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

