Црна хроника
Повторно одложено судењето на полицаецот Трифуновски
Судскиот процес против полицаецот Јаќим Трифуновски на кого требаше да му се суди за двојно убиство, е одложен по вторпат, повторно поради безбедносни причини.
Обвинетиот не беше спроведен, бидејќи како што навела Управата на затворот во Прилеп, неговото спроведување не било безбедно.
Одбраната на обвинетиот побара од гостиварскиот суд да биде изземен и судењето да продолжи во друг суд.
Обвинителот и адвокатот на оштетените семејства, пак, побараа предметот да остане во овој суд.
Судијата Бранко Секуловски го одби барањето и судењето го закажа за 18-ти октомври.
Убиството се случи на 28-ми февруари на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела Бесник Шехапи и Имран Мехмеди
По убиството во јавноста имаше повеќе верзии зошто се случило, дека се скарале за паркинг место и дека полицаецот пукал во самоодбрана за да ја заштити својата ќерка која беше со него.
Роднините на убиените, пак, тврдеа убиството било извршено ладнокрвно и дека полицаецот бил насилен. Трифуновски и претходно имал други кривични пријави за насилство.
Семејството на Трифуновски се наоѓа под полициска заштита надвор од Гостивар. По убиството во Гостивар беа организирани демонстрации во кои настрадаа објекти во сопственост на Македонци. /крај/кис/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

