Црна хроника
Пресуда за случајот „Ноќ“
Во Основниот суд Скопје 1 Скопје во вторник се очекува да биде соопштена пресудата за случајот „Ноќ“, акција против уличната проституција.
Во акцијата „Ноќ“, којашто се случи во октомври 2011 година кај зградата на МРТВ, беа уапсени 21 лице, макроа и нивни помагачи, еден сопственик на мотел, корисници на сексуални услуги и еден полицаец од полициската станица „Бит пазар“.
Обвинителството ги гони за трговија со малолетно лице, организирање група и поттикнување на извршување на трговија со луѓе, криумчарење на мигранти и посредување во вршење проституција.
Првообвинетиот пред судот тврдеше дека бил само див таксист и дека нема врска со девојките кои ги запознал на бензиската пумпа „Макпетрол“. Единствено ги возел до нивниот стан во скопската населба Аеродром и им купувал кондоми кога ќе му нарачале.
Обвинителството констатитрало дека во текот на 2011 година била организирана група кои обезбедиле три малолетнички и ги носеле на кејот на Вардар каде се проституирале. Нивните услуги чинеле од 1.500 до 3.000 денари, пари кои ги земале нивните макроа./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

