Црна хроника
Прободена девојка најдена во подземна гаража во Скопје
Девојка од Скопје, во бесознание била најдена во понеделник во подземна гаража со две убодни рани во пределот на градите, соопшти МВР.
Имено, девојката родена 1986 година била најдена во бесознание во понеделникот околу во 23.30 на улица „Миле Поп Јорданов“ во подземна гаража од случаен минувач.
Н.Д.(26) од Скопје имала две убодни рани во пределот на градите, по што била пренесена во болница на лекување.
Како што соопшти полицијата покрај неа биле пронајдени нож и непозната течност.
Полицијата сè уште утврдува дали се работи за обид за самоубиство или обид за убиство. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

