Црна хроника
Спречен шверц на лекови на „Александар Велики“
Царинските службеници на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во четвртокот околу 12:00 часот спречија обид за шверц на огромна количина на лекови и медицински помагала.
При влез во државата со лет од Виена, царинските службеници по случаен избор селектирaa патник за царинска контрола, кој поминал на зелен канал, каде што поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување.
Откако го отворија неговиот личен багаж (три куфери), царинските службеници пронајдоа голема количина на лекови и медикаменти. На прашање дали патува сам или е придружуван од некој друг, патникот рекол дека патува со група доктори (други 6 лица) со крајна дестинација Албанија.
Превземени се сите мерки за идентификација и лоцирање на другите лица кои веќе биле излезени од царинската зона, и се обиделе да ја одбегнат царинската контрола.
Лицата се вратени назад на детална контрола и при преглед на нивниот багаж (4 куфери) констатирано е дека сите се полни со лекови, медицински помагала и разни хемиски препарати со потекло од САД.
Поголемиот дел од откриената стока е наменета за детска патологија (болести кај доенчиња), дијабетичари, лекови за астма и алергии, разни антибиотици, мултивитамински препарати со голема вредност, неколку апарати за мерење на детски притисок, хормони за ин-витро оплодување и друго.
Повикани се инспектори од Одделението за истраги кои вршат службени разговор со седумте осомничени.
Надлежните детални информации најавуваат по завршување на истражната постапка. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

