Црна хроника
Откриени 120 куршуми во возило на Ќафасан
Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан открија обид за нелегално внесување муниција за огнено оружје во државата, соопшти во средата царинската управа.
Инцидентот бил регистриран на 05.10.2012 година, кога за влез во државата се пријавило патничко моторно возило, марка VW Passat, со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин од Велешта, Струшко, придружуван од неговата сопруга. На прашање на царинските службеници, возачот одговорил дека нема ништо за пријавување за царинска контрола, но при извршената контрола на внатрешноста на возилото, под совозачкото седиште, покриена со џемперот на сопатничката, била пронајдена најлонска кеса со 120 куршуми за огнено оружје, со калибар 7,62 mm. Пронајдената муниција е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на Министерството за внатрешни работи, а по комплетирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава за утврдување на неговата одговорност. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

