Контакт

Црна хроника

МВР откри сторител на шест тешки кражби во Скопје

Објавено пред

Скопската полиција поднесе кривична пријава против лицето Е.В. (24) од Скопје, поради основано сомнение дека на различни места во Скопје извршил шест тешки кражби при што се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 110.700 денари (1.800 евра).

dobivaj vesti na viber

Осомничениот ги сторил кражбите, на како што е наведено на особено дрзок начин, во периодот од 16.08. до 05.10. годинава.  Пријавениот последното од шесте кривични дела го извршил на 05.10 околу 10 часот на булеварот “Партизански Одреди“, во близина на бензинска пумпа “Макпетрол“, врз оштетената А.Д. (24) при што приоѓајќи и однапред со тргање од вратот и го одзел златното синџирче и избегал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.700 денари. Но набргу тој е фатен и приведен во ПС Карпош. Претходно на 04.10. околу 16,20 часот, на булеварот “Илинден“, во близина на објектот на Генералштабот на АРМ, Е.В. на идентичен начин овој пат приоѓајќи и од зад грб на оштетаната Н.М. (64) извршил “тешка кражба на особено дрзок начин“ при што и го украл златниот ланец со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари. Ден пред тоа (03.10) околу 09,50 часот на улицата “Симеон Кавракиров“ на идентичен начин со тегнење и кинење од вратот и го одзел златниот ланец на оштетената М.С. (65), со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 9.000 денари. На почетокот на месецов односно на 01.10 во 11 часот, на булеварот “Партизански Одреди“ пријавениот ја нападнал Д.С. (61) која седела на клупа пред објектот бр.109 и приоѓајќи и од зад грб и го истргал од вратот златниот ланец при што се стекнал со противправна имотна корист од  25.000 денари. На 19 минатиот месец, пак, во 09,30 часот на улицата “Кеј 13 Ноември“ под мост “Гоце Делчев“ Е.В. извршил – “тешка кражба на особено дрзок начин“ над лицето И.А. (77), при што украл еден златен ланец со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од  30.000 денари.Во овие четири случаи, според добиените сознанија, Е.В. веднаш по сторените кривични дела “пленот“ го носел во Клиничкиот центар во Одделението за лечење на наркозависници каде што му ги давал украдените златни ланци на НН лице во замена за по две шишенца метадонска терапија.И последното, односно прво спред временска хронологија извршено кривично дело Е.В. го сторил на 6.08. годинава во 16,25 часот на булеварот “Јане Сандански“ пред зграда бр.61 каде што на особено дрзок начин од оштетената В.С. (68) и го одзел паричникот во кој имало 150 евра, 3.000 денари и друга документација со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.Во просториите на ПС Карпош, обавен е службен разговор со приведениот  Е.В. во кој истиот во целост ги појасни извршените кривични дела. Со Потврда за привремено одземени предмети од  него е одземен украдениот златен ланец, а со Потврда за вратени предмети златниот ланец е вратен на оштетената А.Д. Исто така, со наредба од Истражен судија извршен е претрес во домот на пријавениот при што е пронајден еден ланец жолта боја и истиот со потврда за Привремено одземени предмети е одземен. Покрај ова во просториите на ПС Карпош, извршено е непосредно лично препознавање, со оштетените при што од страна на оштетените и сведоците со сигурност е препознаен пријавеното лице. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец

Објавено пред

Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.

Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип

Објавено пред

Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба

Објавено пред

Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија19 минути

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија38 минути

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион1 час

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет1 час

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет2 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион3 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион3 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија16 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија16 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија18 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија20 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија21 час

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија22 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија22 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија22 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија22 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија23 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија23 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија23 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....