Црна хроника
Жена најдена мртва во стан во Битола, скопјанец починал на улица
Во саботата наутро битолчанка е пронајдена мртва во нејзината куќа, додека вечерта скопјанец починал на улица во населбата Капиштец.
Деведесетгодишната битолчанка била пронајдена околу 9,45 часот во саботата почината во нејзината куќа во Битола, на улицата „Козјак“. Притоа при увидот извршен од страна на стручни лица, на левата страна од главата на починатата била забележана гребнатика, поради што по наредба на истражниот судија телото е предадено на обдукција.
Исто така, во саботата, околу 22 часот, на населбата Капиштец, на улицата „Васил Ѓоргов“ бр.4, во близина на старата дирекција на „Жито Лукс“, бил пронајден во бесознание 73-годишне скопјанец. Била повикана екипа на Брзата помош, која се обидела да направи реанимација, но за жал лицето не давало давало знаци на живот, при што е прогласено за починато без видливи траги на насилна смрт. Увид на лице место извршиле истражен судија и јавен обвинител, како и екипа на скопската полиција, а и во овој случај истражнито судија наредил телото на починатиот да биде предадено за обдукција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

