Црна хроника
Се сослушува заштитениот сведок во случајот „Монструм“
Заштитениот сведок на јавното обвинителство кој во случајот „Монструм“ попладнево се сослушува во Кривичниот суд во Скопје.
Сведокот Е1 треба да даде исказ за петкратното убиство на Смилковското езеро што се случи на 12 април. На сослушувањето на заштитениот сведок не присуствува јавноста, во судницата се само адвокатите и обвинетите, но околу Судот има големо полициско обезбедување.
Неговиот глас ќе биде мутиран, а ликот заматен, бидејќи овој настан може да го изложи на опасност.Претходниот заштитен сведок во истрагат за случајот „Монструм“, Хаки Хазири, побара да му го одземат статусот на сведок и сега е осомничен за помагање во тероризам.
Исрагата за овој случај во кој беа убиени четири малди момчиња и еден повозрасен маж на 12 април годинава, треба да заврши до крајот на октомври и на 27 октомври треба да се покрене обвинение.
Алил Демири , Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.
Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство. /крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор
Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.
По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

