Црна хроника
Поголема сума пари украдена од манастирот во скопско Бањани

Вкупно 150.000 денари се украдени при грабеж во манастирот „Св. Богородица“ во скопското село Бањани, информираат од полицијата.
Кражбата се случила на 19/20 октомври, кога непознат сторител ја обил влезната врата, влегол во храмот, извршил пребарување и од дрвената каса во олтарот ги украл парите.
СВР Скопје работи на пронаоѓање на сторителот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор

А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Црна хроника
Кумановка (18) удри во бетонска жардиниера со мопед, пренесена во болница

Осумнаесетгодишната кумановка А. Н., управувајќи мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера.
Во несреќата добила тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид.