Црна хроника
Условни казни за повеќето обвинети во „Метастаза“
Поголемиот дел од 38-те обвинети во случајот „Метастаза“ добија условна казна, а највисоката затворска казна што беше изречена е три години затвор.
Првообвинетиот Сашо Јосимовски, лекар кардиолог, доби две години и шест месеци, а второобвинетата Љубица Величковска, потпретседател на Комисијата за издавање инвалидските пензии доби две години и пет месеци затвор, јави репортерот на „Макфакс“.
Три години доби, Љупчо Бутевски, кој според обвинението бил еден од главните посредници при издавањето на инвалидските пензии.
На дел од обвинетите судот им забрани да членуваат во комисии за издавање инвалидски пензии во рок од три години.
Според обвинението по предметот, 40 лица, лекари и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и нивни посредници, за пари им посредувале на барателите на пензии да имаат право да користат инвалидска пензија.
Две од постапките се издвоени од останатите триесет и осум, за кои денеска беше прочитана пресудата.
Групата дејствувалa две години, од 2008 до 2010 година, а лекарите и посредниците наводно заработиле 165.000 евра и го оштетиле Фондот за 53.000 евра.
Обвинетите за товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување на исправа./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

